Николоски: Очекувам најдобра каматна стапка и најголема рочност за финансирање на планираните проекти

Каматната стапка за финансирање на проектите ќе биде најниска видена досега, а исто така и рокот на враќање на кредитите ќе биде најдолг досега, потенцира вицепремиерот Николоски во "Само Интервју" на Канал 5.
Тој истакна дека изложеноста на кредитниот рејтинг на Велика Британија на меѓународниот пазар е гарант дека Македонија ќе добие најповолна каматна стапка со најголема рочност. Во овој момент Македонија со својот кредитен рејтинг не може да добие повеќе од 350 милиони евра, додаде вицепремиерот.
“Еве што се случува. Ако ние излеземе со нашиот кредитен рејтинг во тој случај ќе добиеме далеку повисока каматна стапка отколку излеземе со кредитниот рејтинг на Велика Британија кој што е највисок во светот и е АА. Во моментов најдобрите кредити ни се од ЕБРД со 3 години грејс период и 15 години поврат што знчаи 3 + 12 години. Каматата е ЕУРИБОР зголемена за 1 % но имаме и други зголемени и скриени трошоци и кога тие ќе ги пресметате тоа доаѓа ЕУРИБОР + 2 % . Овде ќе е пониско, рокот ќе е подолг од 15 години и каматата ќе е пониска од сега што ја имаме за најдобрите кредити. Тука има и друга работа, а тоа е политичката порака. Велика Британија се согласува да сопствениот кредитен рејтинг го задолжи на Македонија што ќе се согласите е политичка порака, посилна и да не може да биде”- истана Николоски.
Тој потенцира дека испратени се писма до најрелевантните финансиски институции со класа А и истите до 30 јуни имаат можност да ги достават нивните понуди за финансирање на капиталните проекти од првата фаза.
19.06.2025 - 20:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа