ФОТО: "Автомобилот смачкан како авион да паднал на него" - Детали за ужасната несреќа во Дубровник
Тешка несреќа утрово го потресе Дубровник кога се одронила карпа и паднала врз автомобил, при што за жал едно лице починало на лице место, а друго е тешко повредено.
Како што јавуваат медиумите од регионот, во 07 часот и 30 минути утринава, на државниот пат Д-8 кон Дубровник, под сеуште неразјаснети околности автомобил се превртел на кров. Според информациите, се одронила карпа, паднала на возилото, па возачот најверојатно изгубил контрола и се превртел.
На лице место починало едно лице, а друго е тешко повредено и пренесено во болница.
- Каменот падна директно на автомобилот. Се случи две секунди пред да дојдам. Каменот имаше повеќе тони, се одрнил од високо, сигурно одела 300-400 метри и го добила тоа забрзување. Автомобилот е скршен целосно, смачкан, како да паднал авион на него, вели очевидец за 24Сата.хр.
Засега не е познат идентитет на починатиот.
Се очекуваат повеќе детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа