Поранешниот лекар на Шумахер: Има сериозни пропусти во лекувањето - спремете се за најлошото

Поранешниот лекар на легендарниот возач на Формула1, Михаил Шумахер, изјави дека светот треба да се спреми за најлошото.

Како што пренесуваат германските медиуми, поранешниот лекар на седумкратниот шампион во Формула 1, Гери Харштајн, изјави дека добил информации дека иако семсјството на Шумахер силно верува дека тој ќе ја добие и оваа битка, шансите се многу мали, бидејќи имало серизони пропусти во болницата.

- Како што изминува времето се помали се шансите Шумахер да се опорави. Знам колку луѓе го сакаа, поминав со него години на стазата, но и јас сум многу загрижен. Добив информации од сигурни извори дека постојат серизони пропусти во лечењето на шампионот. Лекарите од болницата сметаат дека не треба да вршат притисок на семејството за Шумахер да оди во друга болница, вели лекарот.

За потсетување,Шумахер се наоѓа во кома од 29 декември, а му беа направени и две операции, по страотниот пад за време на скијањето на француските Алпи.

26.03.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега