Му дала бубрег на својот маж а тој ја оставил за нејзината пријателка

Четириесет и едно годишната британка Саманта му го спасила животот на својот сопругот со тоа што му дала свој бубрег. Но набрзо зажалила поради тоа.

Енди Ламб сопругот на Саманта боледувал од тешка болест на бубрезите, а во живот го одржувала дијализа.

“Му беше потребен бубрег“, раскажува неговата сопруга Саманта која без размислување му го дала својот.

Парот се венчал во 2007 година, а Енди ја напуштил Саманта во 2012 година.

Саманта сега чека да потпише документи за развод и вели дека многу и е тешко и е убедена во тоа дека Енди ја изневерувал подолго време со нејзината најдобра пријателка и криел.

“Многу ми е тешко што останав со еден бубрег, за таков неморален човек. Го мразам. Кога би можела, би си го вратила бубрегот назад или би го дала на некој друг“, изјавила 41 годишната Саманта.

27.01.2014 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега