Со песните на Жељко Јоксимовиќ започнва празнувањето на Водици во Охрид

Во Охрид на 17 јануари ќе почне годинашното празнување и манифестацијата по повод верскиот празник Богојавление – Водици, со концерт на српскиот пејач и судија во шоуто Икс Фактор, Жељко Јоксимовиќ.

- Очекуваме оваа година да имаме најголем број гости, кои за празниците ќе бидат во Охрид. Планираме со понудената програма и содржини да успееме да ги привлечеме и задржиме гостите во градот повеќе денови, а не само за празникот на 19 јануари, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој е кум на манифестацијата за 2014 година.

По концертот на Јоксимовиќ, присутните ќе се забавуваат со концерт на Танец или хорот „Света Злата Мегленска“ во Центарот за култура „Григор Прличев“, богата програма за 19 и 20 со охридски групи и тајфи, сето во насока на збогатување на понудата за големата верско-народна манифестација.

 

10.01.2014 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа