Штип: „Полицаецот ми нареди да го кршам законот“

 

Штипски полицаец си заработи кривична пријава, откако во месец октомври принудил селанец да врши нелегална сеча на огревни дрва.

Според информациите од полицијата, 48 годишниот штипјанец Т.М., успеал да го принуди 38 годишниот Т.С. од село Јонузлија да врши нелегална сеча на огревни дрва во плачковичкиот реон на општина Карбинци. Откако ќе ги исечел, Т.С. дрвата ги оставал во близина на Јонузлија, па потоа пријавениот си ги земал и си ги превезувал со негово возило.

 

09.01.2014 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега