Водици се паѓа во недела - следниот неработен ден дури во април

Престојниот верски празник, Богојавление Водици, оваа година се паѓа во недела, а понеделникот нема да биде неработен ден. Според програмата за неработни денови објавена на сајтот на Министерството за труд и социјала, следниот неработен ден за сите граѓани на Македонија ќе биде дури на 21 април, за вториот ден Велигден. На истиот ден оваа година Велигден ќе го слават и католиците. Претходно, православните верници ќе имаат неработен ден на 18 април, за велики петок. 8 април ќе биде неработен за припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите. Празник на 27 јануари ги очекува припадниците на српската заедница во Македонија кои на овој ден го празнуваат Свети Сава

За сите граѓани на РМ

• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (четврток), Ден на трудот

• 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (сабота), Ден на Републиката

• 08 септември (понеделник), Ден на независноста

• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание

• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)

• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (понеделник), Свети Сава 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

 

• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

07.01.2014 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега