ВРЕМЕ: Неверојатно високи температури над 16 степени во наредните денови

Во среда во утринските часови ќе има појава на густа магла која понекаде ќе се задржи и во поголем дел од денот. Во текот на денот во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер. Утринските температури од -2°C до 4°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 8°C до 15°C, јавува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во текот на ноќта  ќе има појава на густа магла, каде видливоста понекаде ќе биде помала и од 50 метри.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на густа магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -4°C до 3°C, а максималните дневни температури од 9°C до 16°C. 

07.01.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега