Со нож под гуша ги дал сите пари - скопјанец нападнат пред казино во Порта Влае

49 годишниот скопјанец А.А. синоќа бил нападнат и ограбен пред казиното „Адмирал“ во Порта Влае.

Според информациите од полицијата, А.А. и Р.Н. се скарале во казиното, за подоцна да излезат надвор да се пресметаат. Р.Н. во еден момент извадил нож, му се заканил на А.А. му ги земал сите пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

07.01.2014 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега