Митрополит Агатангел со Божикно послание до православните верници

 

Митрополитот Повардарски Агатангел од седиштето на Епархијата во Велес упати Божикно послание до православните верници по повод Рождеството Христово - Божик.

- Да се радуваме и да го воспеваме и ние денес новородениот Христос кој се јави за да донесе меѓу луѓето слога и братска љубов. Бог се симна на земјата за да му даде можност на човекот да се воздигне високо на небесата. Да се радуваме и веселиме зашто беа послушани од Бога молитвите наши и се исполнија зборовите на Отецот небесен искажани на нашите праволители Адам и Ева по нивниот престап дека ќе дојде времето кога ќе биде испратен Месија меѓу луѓето за да го помири со Бога грешниот човечки род, рече тој меѓу другото во посланието. 

Митрополитот Повардарски Агатангел за годинава најави и осветување на новот црковен храм во Велес посветен на Светите браќа Кирил и Методиј.

- Се надевам дека овој храм ќе биде место каде денешните и идните генерации македонски православни христијани на Бога ќе му принесуваат дела на побожност, добродетели и благочестлив живот. Искрено се надевам дека македонското православно семејство ќе постане мала црква со многудетни рожби кои ќе бидат и образ на нашето благочествие, потенцира Митрополитот Повардарски Агатангел. 

07.01.2014 - 09:21
Фото: 
А1Он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега