Неверојатно топол Божик

Времето во Македонија ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот сончево и претежно тивко со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и релативно топло време, по котлините со појава на магла. Температурата ќе се движи од седум до 16 степени.

07.01.2014 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега