Утре ќе му се радуваме на сонцето

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје утре претпладне ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот сончево и претежно тивко со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и релативно топло време, по котлините со појава на магла. Температурата ќе се движи од седум до 16 степени.

06.01.2014 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа