ФОТО: Коледари го разбудија претседателот Иванов

Mакедонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговото семејство - сопругата Маја и синот Иван, денеска во резиденцијата примија бадникарски коледари - најмладите членови на Културно-уметничкото друштво „Никола Јонков-Вапцаров“.

Дечињата одиграа неколку македонски ора и добија подароци. Велат дека биле толку возбудени што ќе бидат коледари во претседателската резиденција, што будни го дочекале денот.

Иван Иванов, синот на претседателот на државата, изјави дека и тој се радува на овој ден кој го потсетува на детството кога не пропуштал да оди на коледе.

- Денес во нашиот дом има многу радост, има многу ведри лица, коледари ни се најмалата група на КУД „Никола Јонков-Вапцаров“, кои со своето присуство, со својата исконска македонска народна песна и со својата народна носија, на кои е испишан македонскиот бит, историја и фолклор, ни го разубавија домот. Цело детство бев коледар, а и сега, иако не сум детето што бев порано, повторно одам на коледе кај дедо ми. Неговата насмевка е бесцената кога ќе ги види внуците како коледари, вели Иван Иванов.

06.01.2014 - 12:38
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега