Концерт на машкиот и женски хор „Стив Наумов“ во црковниот Храм „Св.Богородица“

 

Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“-Битола, вечер од 18 часот во црковниот Храм „Св.Богородица“ ќе го одржи традиционалниот Божиќен концерт.

Годинава Божиќниот концерт ќе биде исполнет со програма на композитори кои потекнуваат од државите на православието, истакна Љубомир Трифуновски диригент на хоровите и раководител на КУД „Стив Наумов“-Битола.

- Секогаш сме посебно мотивирани при подготовката и одржувањето на Бижиќниот концерт бидејќи оваа манифестација е повеќе од традиција и се случува во прекрасен Храм. Годинава за аудиториумот ќе испееме дела од македонски и руски композитори, но и други, најдобрите автори од државите на православието, кои компонирале музика за хорско пеење, посочи Трифуновски.

Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, вечер во Битола ќе се одржат и манифестацијата „Коледарски оган“ чиј организатор е локалната самоуправа и манифестацијата „Занаетчиите на коледе“, која  детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ ја организира во Старата битолска чаршија.

- Традиционалната манифестација коледарски оган ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ каде во 19 часот на спектакуларен начин ќе биде запален коледарскиот оган, а потоа присутните гости ќе бидат забавувани од групите „Адути“, „Ѓердан“, „Бандерола бенд“ и „3Г“, информираат од општина Битола.

05.01.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа