Наутро магла потоа сонце - еве какво ќе биде времето викендов

И викендов ни се насмеа среќата. Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а наутро по котлините со појава на утринска магла. Ќе дува и слаб повремен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од пет до 13 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на утринска магла, а попладне маглата ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Од недела ќе има појава на локален дожд.

03.01.2014 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега