Прегазен пешак во Охрид

 


Вчера во 20.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од бул. „Туристичка“ со ул. „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило марка „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.С.(43) од село Лешани, општина Дебарца удрило во пешак К.С.(43) од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С. , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

19.10.2024 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега