Маричиќ: Со заштита на македонското културно наслество ги чуваме нашите вредности и идентитетот
Со заштитата на македонското културно наследство ги чуваме идентитетот и нашите вредности, како дел од мозаичната слика на глобално ниво, низ призмата на културно идентитетска препознатливост, објави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот официјален фејсбук профил.
-Од таа причина не само Владата, туку сите, како индивидуи имаме обврска да се грижиме за животната средина и за природата и да придонесеме во заштитата и одржувањето на природното и културното наследство со кои е исклучително богата нашата земја. Ја унапредуваме соработката и градиме партнерства со нашите соседи, заеднички чувајќи ги нашите културни богатства, искористувајќи ја поддршката од ЕУ средства, преку ИПА фондовите, посочува вицепремиерот Маричиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа