Шилегов: Секој нормален и се приклучува на опозицијата

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во петокот одговарајќи на новинарско прашање на репортерот на Press24 потенцираше дека секој нормален и разумен му се приклучува на СДСМ.

 „ВМРО-ДПМНЕ со недемократски начин, со недемократска атмосфера што владее во државата, со прогонот на луѓето, страшното кршење на човекови права, слободата и другите основни принципи, едноставно сите нормални и разумни луѓе ги тера во прегратките на опозицијата - одговори Шилегов на прашањето на репортерот на Press24 зошто во партиските тела за раководни лица се поставени личности што во јавноста се декларираат како независни експерти.

Ова не е прв пат функционер на опозицијата да излегува со вакви изјави во јавноста. Претходно пратеникот Сафет Бишевац од собраниската говорница рече дека половина Македонија е без мозок и дека гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не вклучуваат мозок.

04.11.2013 - 00:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега