Пендаровски: Не можеме да мислиме само на профит, нам ни требаат и политичкото искуство и демократските вредности

 Бугарскиот одговор на Акцискиот план, што претходно до Софија го достави Северна Македонија практично не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори, во него нема ништо суштинско различно од досегашните нивни позиции, вели претседателот на Република Северна Македонија во екслузивното интервју за МИА.

Со претседателот меѓудругото разговаравме за содржината на она што Бугарија ни го испорача преку специјалниот пратеник Владо Бучковски, и дали конечно истиот ќе го види јавноста, дали тоа е навистина анекс, а тој појаснува дека во никој случај не станува збор за нов договор, додаток на договор, протокол, анекс.

е можам да видам нешто суштински различно во нивните позиции, можеби некои фрази тука и таму вели Пендаровски, со кој се согласивме дека Комисијата излезе од својот мандат дека се е излезено и од параметрите на Договорот во целина, не само надвор од параметрите на Комисијата, мандатот на Комисијата, подвлекувајќи уште еднаш дека идентитските прашања за нас не се тема

Откри дека најверојатно следната недела за сето ова ќе се разговара на собраниската комисија за европски прашања или за надворешна политика, дека за тоа Владата донела одлука, но не знаеше да каже дали информирањето на пратениците за последните случувања на реалција Скопје-Софија ќе биде отворено за јавноста.

За говорот за омраза кај нас, но и во Бугарија, Пендаровски во интервјуто напомена дека тој не може да тврди дека тука нема говор на омраза, како што и тие не можат да тврдат дека од Софија кон нас не доаѓаат јасни и чисти дисквалификации и класичен говор на омраза.

-Кога ти мене не ми го признаваш правото на самоидентификација и кога велиш дека јас не сум тоа што самиот се идентификувам дека сум, значи тоа е дисквалификација од највисок вид, вели тој и додава дека земјава реагира на таквите инциденти, кои доаѓаат од ниво на државни функционери. Но смета дека не треба да се оди во насока државата да санкционира илјадници, илјадници свои граѓани за објавите на социјалните медиуми. -Конечно, тоа е демократија. Има право секој кој е засегнат да тужи, нагласува претседателот.

Со Пендаровски разговаравме за очекувањата за постизборна промена на бугарската политика, но и за опциите кои ги имаме доколку бугарската позиција остане константна .  Изрази надеж и очекување дека останатите земји-членки на ЕУ ќе станат посвесни и ќе притистнат бидејќи интегрирањето на Западен Балкан во Унијата е геополитички важно прашање, но и очекување дека ќе помогне администрација на новиот американски претседател Џо Бајден, која го познава регионот и ќе го зајакне фокусот кон него.

Пендаровски се осврна и на реветингот кој по налог на НАТО  се спроведува врз македонските армиски и безбедносни структури, но и врз носителите на јавни функции. Информира дека тој прв ја минал порверката, дека досега половина од околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони кои се ставени на проверка минале позитивно, а само двајца негативно, од кои едниот е нашиот кандидат за воен преставник во Алијансата. Се проверуваат не само безбедносните, но и коруптивните аспекти на личноста. 

Шефот на државата говори и за  институционалните демократски капацитети на земјава,  за системските слабости, за политичките мешетарења, скриени агенди, за заробените институции, за можностите во ЕУ без ЕУ 

Вели без Европа нема да пропаднеме, ама ќе продолжиме да напредуваме со темпо на полжав или на желка. Потсетува дека не можеме од сабајле до вечер да мислиме само за бркање профит и делење дивиденди на крајот на годината, туку дека битни се и човековите права и медиумски слободи. 

Претседателот на државата за своите претходници Црвенковски и Иванов вели дека нивен бил изборот да се затворат и изолираат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега