Уапсени 17 членови за шверц на дрога во Колумбија

Полицијата во Колумбија уапси, 17 лица заради шверц со кокаин. Осомничените се уапсени во северната област Магдалена по шестмесечната истрага на Одделот за спречување на наркотици.

Се претпоставува дека тие се поврзани со паравоената група „Лос Урабенос“, која е формирана благодарејќи на шверцот со дрога.

 

Полицијата запленила 530 килограми кокаин и уште 61 килограм непреработен кокаин.

03.11.2013 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега