Докторка со својот танц ја разбранува јавноста во Србија: Во секси фустанче вртеше со колковите во канцеларија (ВИДЕО)

Томислава Петрушиќ, докторка по физикална медицина, се крие зад краткото фустанче и истакнатото деколте. Снимката од плавушата како танцува на работно место ги запали социјалните мрежи во Србија. Снимката е направена во канцеларијата на Здравствениот центар Ниш, каде што работи лекарката.

Настапот на докторката пред огледало, кое самата го сними, не остави никого рамнодушен.

Дел од јавноста ја осуди оваа снимка велејќи дека е неприфатливо тоа што додека дел од здравствените работници, без одмор, „се распаѓаат“ во ковид болниците, таа ужива. Други, пак, велат дека има што да покаже, па нека се снима.

Како што се дознава, д-р Томислава постојано доаѓа на работа облечена „провокативно“ и не се грижи за коментарите. Оние кои ја познаваат долго време, додаваат дека таа била убавица на факултет, а потоа „ја засакала и пластичната хирургија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега