Моторциклист паднал во Битола, заврши во болница

54-годишен битолчанец завршил со тешки телесни повреди откако паднал од мотор.

-Вчера во 16,30 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„ 8 ми Септември“ и ул.„7 ми Јули“ Б.Б. (54) од Битола управувајќи мопед „драгон“ со битолски регистарски ознаки паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

 Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега