Пендаровски: Уште 14 дена вонредна состојба, оваа битка сигурно ќе ја добиеме

 

Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по седмата седница на Советот за безбедност истакна дека вонредната состојба ќе се продолжи во следните 14 дена.

 

-Одлуката за новите 14 денови е продолжена исклучиво со намера да и се дозволи на Владата подобро да се борат со здравствените и социекономски предизвици и тоа нема никаква врска со датумот за одржување на изборите, рече Пендаровски.

 

Тој им се заблагодари на граѓаните бидејќи ги почитуваат препораките во изминатите три месеци, но, посочи дека не смееме да се опуштиме.

 

-Ние оваа битка сигурно ќе ја добиеме, но морамае да останаме совесни и одговорни до самиот крај, рече Пендаровски.

 

На Владата и посочи дека и покрај високите бројки во некои делови од државата, рестриктивните мерки не треба да се воведат на целата територија.

 

Од лидерите на политичките партии побара да бидат на висина на својата одговорност и да договорат датм за избори бидејќи техничката влада има лимитирани можности.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.05.2020 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега