(ВИДЕО) Деспотовски ги откажа теренските активности: Се огласи од болница
Јован Деспотовски, еден од кандидатите за претседател на СДСМ преку социјалните мрежи објави видео во кое објаснува дека вчера имал како што вели, мала здравствена криза поврзана со слепото црево.
Операцијата како што објаснува Деспотовски поминала како што треба и дека поради тоа морал да ги откаже сите теренски активности.
„Веќе во текот на денешниот ден сме оперативни и во 19 часот продолжуваме со лајв чет за сите предлози и коментари кои ќе ги имаме. И од утре секако продолжуваме со иста динамика и темпо во теренските посети, бидејќи навистина успеавме во изминатите неколку недели да покренеме еден сериозен бран на енергија и на желба за промени. Нема да ве разочарам продолжуваме понатаму заедно“, порача во видео пораката Деспотовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа