Хорор во Идризово: Осуденик претепал друг затвореник до смрт

Обвинителството отвори истрага за затвореник во затвор Идризово, кој на 31 мај тешко повредил друг осуденик, кој на 22 јуни починал од повредите. Осомничениот осуденик го удирал, сега веќе починатиот затвореник со тупаници и клоци.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска сп став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, велат од обвинителството.

25.06.2024 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега