Полицијата приведе две лица за дојавата за бомба во Сити Мол

Приведени се две лица за лажната дојава за бомба во Трговскиот Центар „Скопје Сити Мол", дознава Слободен Печат.

Според информациите, станува збор лица родени во 2000 година и вработени во приватна агенција за обезбедување кои ќе си добијат кривични пријави за делото кое го направиле.

Инаку, и од Трговскиот се огласија попладнево со потврда дека дојавата била лажна.

- Денешната дојава за подметната експлозивна направа во просториите на трговски центар – Скопје Сити Мол е лажна, а оваа лажна дојава денес беше причина нашиот објект да биде затворен на неколку часа, додека не се применат сите светски стандарди за безбедност на трговски центри од затворен карактер. Како трговски центар им благодариме на сите кои се дел од нашите служби со чија помош успеавме безбедно да ги евакуираме сите посетители како и вработените во продажните места. Сакаме да се заблагодариме на припадниците на МВР – Скопје, Противпожарните Служби на Град Скопје и Прва помош кои учествува во евакуацијата како и за решавње на целата ситуација. Истрагата е завршена, уште еднаш потврдуваме дека станува збор за лажна дојава и Скопје Сити Мол продолжува да работи со нормално работно време, велат од Трговскиот преку соопштение за јавноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега