Спасовски: Криминлци има секаде и во белата палата на ВМРО

Истрагата ќе ги докаже сите наши сомнежи кои ги имаме за престрелката во Александар Палас. Голема е веројатноста да има врска престрелката и конфликтот претходно со алфите. Мора да се испрати силна порака дека државата е цврсто решена да се справува со вакви криминални групи. 

Ова го рече вечерва Оливер Спасовски за 360 степени.

-Мора сите органи да работат во кохезија. Криминалците ги има насекаде, дали се тие кои пукале во хотелот, дали се во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, ги има секаде. Јас зборам за борба против криминалот и корупцијата. Случаите ќе се расчистуваат. Работата на полицијата не е да делува емотивно, туку да има темелна истрага, да има факти и документи да се презентираат пред Јавното обвинителство. Оттаму треба да одговорат зошто нема притворм вели Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега