Албанската опозиција бара оставка од министерот Адеми

Неотворањето албанска паралелка во Идризово ги истакнува старите сценарија во кои на Албанците им беше оневозможувано образование на мајчиниот јазик, велат од Движењето БЕСА.

„Кога требаше да распореди партиски војници во училиштата што гравитираат во општините што ги води албанската опозиција како Желино или Гостивар, Министерот-Албанец од редовите на ДУИ, не се двоумеше да им ги одземе надлежностите на локалните власти. Сега кога директно се нарушуваат интересите на Албанците во Идризово, министерот Адеми наместо да ги одземе надлежностите на Општина Гази Баба, тој покажува политичка немоќ да им помогне на Албанците“-изјави Блерим Сејдиу, Движење БЕСА.

И од Алијансата за Албанците бараат министерот Адеми што поскоро да си замине од ресорот образование.

„Одделот за образование при Алијанса за Албанците го повикува министерот за образование дека е редно време да си поднесе оставка. Само еден демагог од ваков вид прифаќа и продолжува да остане на таа позиција“-велат од Алијанса за Албанците преку писмена реакција.

Оттаму велат дека има најмалку десет скандали на министерот за образование како неуспехот на деполитизација во образованието, стравувањата на професорите кои можат да бидат отпуштени доколку не се партиски војници, наместо децентрализирање на образованието одземање на надлежностите во албанските опозициски општини, неуспехот во изградбата на универзитетот „Мајка Тереза“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2019 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега