Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на Македонија

Делегација на Република Италија предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност денеска се во работна посета на Република Северна Македонија.

Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што ќе се одржи во Јавното обвинителство на Република  Македонија.

Во рамки на посетата јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо ќе потпишат Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега