Си ги продавале бубрезите за да ги исплатат кредитите во банките

Во Белград фатени двајца како си ги продаваат органите преку оглас, затоа што не можат да ги вратат кредите кои ги земале од банка.

- Осомничениот А.К. Откриен е преку неколку објавени огласи кој ги ставил на интернет. Во нив барал купувачи за едниот бубрег за 60.000 евра. Живеел во мал стан со сопругата и две мали деца, со сестра му и нејзиниот маж и нивните деца. Тој е физички работник и прима плата од 30.000 динари. Пред некое време земал кредит од банка да ги врати сметките и долговите, велат лица од истрагата. 

Од истите причини  и Г.С. си заработи кривична пријава,тој  е во инвалидска количка и прима пензија од 15.000 динари. Живее со децата и сопругата, која има плата од 30.000 денари. Но и тој имал кредит од банка кој не можел да го покрие од своите приходи. Лицето Г.С барал 150.000 евра за бубрег, му се јавиле три лица од странство. 

Полицијата се сомнева дека лицата кои се јавиле се членови на некоја меѓународна група за трговија со човечки органи.

 

 

04.10.2013 - 10:05

најчитано сега