И Твитер излегува на берза

 Твитер најави дека ќе излезе на берзата и очекува да добие една милијарда долари.

Од Твитер тврдат дека до крајот на јуни имаат 218 милиони активни корисници, но и понатаму е во дефицит и покрај растечкиот обарт, кој минатата година изнесуваше 317 милиони долари, а во првите шест месеци од годината има 253,6 милиони долари.

Компанијата веќе има нето загуби од приближно 80 милиони долари за 2012 година и уште 69,3 милиони долари во првите шест месеци од 2013 година.

 Сеуште не е соопштено колкав дел од капиталот ќе биде објавен на берзата.

04.10.2013 - 09:54

најчитано сега