Крвава пресметка во авион: Еден патник на друг му одгриза нос (ВИДЕО)

Жестока тепачка се случила на летот од Глазгов за Тенерифе, а пресметката на двајца мажи ја снимил еден од патниците.

Инцидентот се случил во утринските часови, а на снимката се гледа како мажите се тепаат, а потоа еден од нив заминува со раскрвавена глава. Патниците тврдат дека едниот на друг му го одгризал носот.

Еден од сведоците открива дека на тепачката претходело однесувањето на пијаниот патник.

Посадата на авион ја контактирала полицијата која мажите на аеродром ги привела.

„Авионот нормално слета и полицијата приведе две лица“, рече портпаролот на авиокомпанијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега