Пендаровски: Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека секоја година треба да се оди на избори, тогаш се лажат

Најновите информации од опозицијата кажуваат дека тие сега почнуваат да условуваат со двојни избори - или ќе има и претседателски и предвремени парламентарни избори или тие ќе ги бојкотираат претседателските избори, вели националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски за ТВ Н1 Србија.

„Тоа ќе значи неуспешни претседателски избори поради цензусот од 40 отсто за излезност на гласачите за избор на нов претседател. Ставот на владеачката колиција е дека оваа година треба да биде година на економијата. Една година и пол владеачката коалиција, на чело со премиерот Заев, ја потроши на политички прашања. И сега би било логично да се посветиме на тоа што и го ветувавме на изборите за подобар живот на граѓаните. Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека секоја година треба да се оди на избори како што тоа беше во нивното време, тогаш тие се лажат. Не гледам како и со кои уцени тие би можеле да добијат предвремени парламентарни избори. Она што дополнително ме зачудува е и тоа дека сите анкети, и покрај уставните измени и покрај договорот со Грција и пред тоа со Бугарија, покажуваат дека владеачката коалиција има предност и дека на евентуални нови избори можеби ќе освои и поголем број на пратеници од сегашниот“, вели во изјавата на Н1 Стево Пендаровски, пренесува МКД.мк.

 
 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега