Ни денеска нема договор со Беса, неизвесен стартот на седницата за уставни измени

Седницата за уставните измени, која беше закажана па одложена, денеска може и воопшто да не се одржи. Неофицијално, се остава простор за уште еден обид за постигнување договор на премиерот Заев со Беса на Касами откако претпладнево не успеале да најдат решение за прецизна формулација на државјанството, како што бараат од оваа албанска опозициска партија, пишува Макфакс.

Неофицијално еден од предлозите околу кои се обидувале да се договорат е наместо терминот „македонско“ во документите на албански јазик да пишува „од Македонија/ граѓанин на Република Северна Македонија“, по инсистирањето на Беса на Касами да се разграничи државјанството од етничката припадност. Со овој предлог неофицијално би се интервенриало во уставниот закон, но тоа не било прифатливо за пратеничката осумка независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Во оваа насока беше и изјавата на премиерот Заев утринава кој рече дека иако не знае колку пратеници ќе дадат поддршка за уставните измени, се надева дека ќе биде постигнато двотретинското мнозинство.

„Беса е принципелно поставена во однос на идентитетот. Од другата страна се осумтте пратеници кои будно следат што ќе се случува со идентитетот. Државјанството е ‘македонско/граѓани на Република Северна Македонија’. Се наоѓаат технички формулации како да биде државјанството ‘македонско/граѓани на Република Северна Македонија’, но да се обезбеди другите да не почувствуваат дека се обесправени и дека се Македонци“, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега