На „Криволак“ реализирана тактичка вежба со боеви гаѓања „Предизвик 2013“

 

На Криволак беше изведена билатерална тактичка вежба со боеви гаѓања „Предизвик 2013“.

- Повеќе од 17 странски армии досега имаат вежбано на „Криволак“ и сите што еднаш дошле тука сакаат повторно да дојдат, а го промовираат „Криволак“ и пред своите партнери, по што полигонот добива во значење, истакна министерот за одбрана Талат Џафери кој ја следеше вежбата.

На вежбата „Предизвик 2013“, учествуваа претставници на армиите на Република Македонија и Република Словенија. Во присуство на голем број гости се изведе вежбата која е шеста по ред, а заедно ја изведуваат припадниците на противвоздушната одбрана на АРМ и на Вооружените сили на Република Словенија.

Во рамки на вежбата беше реализирано боево гаѓање на цели, а водот за противвоздушна одбрана бранеше артилериска батерија која требаше да изврши марш и заземе огнена позиција во даден реон.

24.09.2013 - 10:38
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега