ФОТО: Српската пејачка ја тргна периката од 4.000 евра - Покажа како изгледа без неа
Познатата српска пејачка Андреана Чекиќ, речиси секогаш носи перика на своите настапи, а сега покажа како изгледа без неа на главата.
Таа ја тргна периката од глава, се исфарба во препознатливата црна боја, ја потстрижи природната коса и покажа како изгледа со неколку фотографии.
40-годишната пејачка неодамна во емисија откри зошто постојано носи перика на настапите: - Скоро сите мои колешки пејачки носат перики, ретко кој јавно зборува за тоа. Имаме настапи насекаде, кога ќе слетам од авион, додека да се средам, да се облечам, само за косата ми треба еден час, а со перика е полесно, вели Андреана.
Периките ги нарачува од Австралија, а вели дека се движат од 1.200 до 7000 евра. Вели дека својата најскапа перика ја платила 4.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа