Слави Трифунов: Мицкоски не мрази нас Бугарите

 

Лидерот на партијата Има таков народ (ИТН), Слави Трифонов, се огласи на Фејсбук и ја искоментира изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, за внесувањето на Бугарите во уставот.

Навистина ми е доста од овие луѓе. Не можам да кажам дали сум лут или тажен. Овој Мицкоски е избран демократски. Живо се сеќавам како за време на изборите целата негова изборна кампања беше заснована на омраза кон нас Бугарите. Затоа го избраа. И тој сега зборува вака поради тие што го избрале. Бугарија прва ги призна како држава, и покрај целата наша историја, и покрај сета фикција што ја претставуваат, и покрај сите глупости што ги кажуваат против нас со години, па и наназад…Меѓутоа, таму има луѓе кои се чувствуваат како Бугари. А Бугарија е насекаде каде што живее макар и еден Бугарин. И има многу повеќе од еден. Многу, многу, многу повеќе. Мора да се грижиме за нив, да размислуваме за нив и да се грижиме за нив, напиша Трифунов.

 

Инаку, изјавата на Мицкоски која направи лавина реакции во Бугарија беше "суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои се декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов".

13.02.2025 - 11:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега