Средба Муцунски-Колман во Австралија: Можности за соработка меѓу двете земји
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/screenshot_2025-02-13_112516.jpg?itok=6ZdAyg8q)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на министер за надворешни работи на Северна Македонија во Австралија по 15 години.
- Одлична средба со Дејвид Колман, пратеник и министер за надворешни работи во сенка, голем пријател и поддржувач на македонската заедница во Австралија. Разговаравме за актуелните политички случувања, можноста за негова посета на нашата држава, како и за понатамошните текови во надворешната политика на Австралија. Особено ја истакнавме важноста на македонската заедница како мост на пријателство меѓу двете земји. Изразивме подготвеност за продолжување на дијалогот и заедничка работа на иницијативи кои ќе придонесат за продлабочување на пријателските односи и градење нови можности за соработка помеѓу двете земји, напиша Муцунски на Фејсбук од Австралија.
Инаку, оваа посета се совпаѓа со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
13.02.2025 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа