Белгиското кралско семејство патува со лажни пасоши

Заради безбедносни причини членовите на белгиското кралско семејство при своите патувања во странство користат фалсификувани пасоши.

Патните исправи со псевдоними, наместо со вистинските имиња, на членовите на кралското семејство, им биле издадени од Министерството за надворешни работи.

Оваа информација ја потврди и поранешниот шеф на белгиската дипломатија Марк Ејскес, кој објасни дека мерката била преземена уште одамна.

 Mинистерството потврди дека во патните исправи се напишани имиња, кои им се дадени од официјалните власти, односно од кралската палата. Така, кралот Филип за време на патувањата во странство користи пасош под името Филип Дермил.

23.09.2013 - 10:09

најчитано сега