СДСМ: Објаснете ја семејната метастаза што ја разболе Македонија наместо да барате скандали каде што ги нема
Господа од ВМРО-ДПМНЕ,
Одговори на јавноста треба да даде вашиот шеф Никола Груевски!
Тој кој од позиција на премиер ги назначи своите први братучеди Сашо и Влатко Мијалкови и кумот Зоран Ставрески за контролори и газди на парите на граѓаните на Република Македонија.
Господине Груевски,
-Дали фирмите, бизнисите и соработката меѓу тесното семејство коешто е на чело на државата 8 години, го направија милијардер човекот од кого направивте да им се тресат коските на оние кои го споменуваат неговото име, Сашо Мијалков.
-Дали со направената 1 милијарда можете да си купите нов живот, додека граѓаните одат по работ на егзистенцијата?
-Како тоа рапидно се зголемил имотот на сите први луѓе во државата и околу Вас?
На тоа одговорете!
Не барајте мега скандали кадешто нема, туку објаснете ја семејната метастаза што ја разболе Македонија.
Интегрален текст од СДСМ.