Уметност во правењето зимница: Пеглани пиперки со лукче

Филети од пиперки, или како што меѓу домаќинките се нарекува пеглани пиперки, е една од почестите зимници во македонските домови. За вас одбравме еден рецепт. Добро доаѓа како замена за свежа салата во зима.

Пиперот се мие и се чисти од семето и рачките. Се реди во подлабока шерпа или лонец и се попарува со солилото.

СОЛИЛО

Оцетот се става да зоврие со шеќерот и солта, а на крај се додава и винобранот. Убаво се меша и се попаруваат пиперките. Откако ќе се попарат се притискаат со тежок предмет и треба да одстојат 24 часа .

Лукот се лупи и се сецка на лентички. Магдоносот исто се сецка, а количината зависи од вкусот на домаќинката.

Во суви тегли се редат пиперките, а помеѓу нив се става од магдоносот и лукчето. Откако ќе се наполнат теглите, пиперките се налеваат со солилото, се затвораат со капаци и се редат меѓу другата зимница.

Оние кои сакаат потпечени пиперки, можат претходно да ги испечат на ќумбе и директно само да го налеа солилото, без претходно да ги варат во него.

СОСТОЈКИ

4кг црвени пиперки-капија

1л алкохолен оцет

350гр шекер

200гр сол

1/2 кесичка винобран

1 китка магдонос

3 главици лук


 

 

 

05.09.2018 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега