Вистинска драма на Водно: „Гази ги оди напред“ му наредиле на багеристот

Багери сакале да газат активисти кои не даваат да се исече шумата и да се уништува природата со градење на гасоводот на Водно, па денеска направија жив штит за да ја спасат.

Во 9 часот и 30 минути активистите поставиле камп, а багеристот добил наредба да ги прегази, но одбил.

- „Поради низа сознанија дека не се запазени процедурите за градба, изградба и немање дозвола за сеча и други пропусти, решивме да го запреме целиот процес со жив штит. Багерите во 9.30 часот тргнаа со работа. И покрај нашиот мировен протест со поставување на излетничко место, шефот му нареди на багеристот „ гази - оди напред“. Возачот на багерот одби и излезе од багерот. Во моментов се сопрени машините. Цело утро се обидуваме да контактираме со надлежните во Министерството за животна средина но никој не одговара на повиците, вели активист за МКД.МК.

 

 

 

29.08.2018 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега