Царовска во посета на градинката „Бисерчиња“ во Зрновци

 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе ја посети новоотворената градинка „Бисерчиња“ во општина Зрновци, кочанско. На настанот ќе присуствува и градоначалникот на општина Зрновци, Блаже Станков.

Градинката ја посетуваат четириесеттина дечиња, а ставена е во функција пред месец и половина.

Зрновци е една од ретките рурални општини во источниот регион која доби современа установа за згрижување на најмладите од предучилишна возраст. Објектот има корисна површина од околу 500 метри квадратни со три занимални, сопствено парно греење и сончеви колектори за загревање на водата.

За изградбата на градинката беа вложени околу 230 илјади евра добиени преку ИПА фондовите на ЕУ. Опремувањето на објектот е со средства од Министерството за труд и социјална политика. 

 

 

 

21.08.2018 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега