Сепак ќе се гради гасовод на Водно - екологистите најавија протест

Граѓанската ицијатива „Го сакам Водно“ ја изгубија битката за менување на трасата за изградба на гасоводот која што ќе ја заобиколи парк шумата, објави ТВ 24.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најавил дека е во тек постапката за издавање на дозвола за сечење на дрвата и дека периодов се работело на изнаоѓање решенија, со кои ќе се нмали штетата од изградбата на гасоводот.

„Една цевка на гас може да замени стотици и стотици кубици дрва и од друга страна гасот сам по себе е еколошки производ. Поднесено е барањето да се дозволи сеча на шума го разгледуваат службите тоа прашање“ - рече градоначалникот Петре Шилегов.

Еколошките здруженија предупредуваат дека со тоа се зголемува ризикот од лизгање на земјиштето, поради ерозивните подрачја преку кои минува трасата.

„Знаеме дека самата стратегија за климатски промени што ја изработи Град Скопје во соработка со УНДП лани се вика „Отпорно Скопје го лоцира Водно како ерозивно подрачје што би можело да ја загрози безбедноста доколку се сече шумата “ - велат од Граѓанската ицијатива „Го сакам Водно“.

Шилегов кажа дека ќе се изработи и детален план како да се санираат подрачјата кои што се ерозивни, но и дека поголема штета на парк шумата Водно е направена во изминатиот период.

„За жал нашата планина во изминатите години сериозно е оштетена од непланска градба од изработка на пат кој е тотално неупотреблив затоа што ерозијата ја немале во предвид “ - вели Шилегов.

Еколошките здруженија сметаат дека со изградбата на гасоводот ќе се уништат значајни растителни подрачја со ретки и загрозени билки, а најавуваат и протест кој што ќе организира на врвот на Водно во недела.

 

 

 

 

16.08.2018 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега