Спремете повеќе пари: Ова се цените на бензините кои важат од полноќ

Регулаторната Комисија за енергетика  стандардно по две недели од последната цена, определи нова цена на бензините во Македонија.

Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16%, односно за 0,01% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 23.07.2018 година. 

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,01%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,651 ден/кг. 

Ова се цените кои важат од полноќ.

 

 

 

07.08.2018 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега