ЈСП информира: Привремено се затвора автобуската постојка во ГТЦ

Автобуската постојка во подрумот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје нема да биде во функција од денеска напладне до утре во утринските часови, соопшти денеска ЈСП Скопје. 

Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до парк „Жена борец“.

- Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.

 

 

 

24.07.2018 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега