МНР: На овој телефонски број да се јават Македонците на кои им треба помош поради пожарите во Атина

Заради пожарите кои се случуваат во областа Атика, во околината на Атина, препорачуваме државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во тие региони, стои во соопштението испратено од МНР утринава.

„Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба

Воедно, информираме дека контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071.“ - стои во соопштението на МНР.

 

 

 

24.07.2018 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега