Драма среде улица во Скопје: Му фрлале камења врз автомобилот, па го претепале пред семејството

Двесет и седум годишниот А.Е. од Скопје вчера пријавил дека истиот ден околу 11:20 часот на крстосницата на ул. „Индира Ганди“ со ул. „Гвадалахара“ во Скопје во моментот кога застанал со своето возило „Цитроен“, во кое бил со семејството и роднината, 26-годишниот Н.Д. , неколку лица почнале со камења да фрлаат кон возилото и го искршиле предното ветробранско стакло и стаклото на предната лева врата.

После тоа, лицата го извадиле А.Е. од возилото и физички го нападнале. Во еден момент А.Е. успеал да им побегне, се качил во возилото и побегнал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

 

 

 

 

25.05.2018 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега