Драма во Охрид: Насилно влегле во локал, па нападнале полицаец

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.Н.за сторено  кривично дело „тешка кражба” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста” и против 22-годишниот С.К. и 18-годишниот П.Т., сите од Охрид, за  сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење службено дејствие”.  

На 11.05.2018 година во 02:05 часот по полноќ во локал во Охрид, првопријавениот со физичка сила ја отворил влезната врата од објекот, по што влегол внатре и одзел шише коњак кое го ставил на масата на која седеле пријавените. Откако настанот бил пријавен од страна на сопственикот на локалот, пријавените одбиле да бидат легитимирани од страна на полициски службеници, по што првопријавениот физички го нападнал полицискиот службеник, а додека второ и трето пријавените ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените дејствија со цел да му овозможат на првопријавениот да избега, по што истите биле совладани и лишени од слобода.

 

 

 

 

23.05.2018 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега