Вебер бара од ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Договорот од Преспа и да го користи името Северна Македонија

 


Порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Договорот од Преспа и да го користи името Северна Македонија, упати преку платформата Икс, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, јави дописничката на МИА од Атина.

-Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува одредби на обврзувачкиот Договор од Преспа и доследно да го користи името „Северна Македонија“. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова, напиша Вебер.

Дел од Европската народна партија се и ВМРО-ДПМНЕ и грчката Нова демократија, а ова е прва реакција од ЕПП по изборите кај нас.

Портпаролката на СИРИЗА Вула Кехаја на брифингот со новинарите минатата седмица упати прашање до грчката Влада „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

23.05.2024 - 16:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега